Нешто по полноќ синоќа, полицијата уапсила двајца скопјани кои неколкупати бегале низ населбата Аеродром, а кога конечно успеале да ги запрат, со автомобилот удриле во полицаец и во возило на МВР.
„Денеска (14.02.2023) во 00.45 часот на ул.„Ангел Димовски” во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.Ѓ.(36) и А.И.(34), двајцата од Скопје. Претходно, околу 00.30 часот на ул.„Беласица”, М.Б.Ѓ. не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници со возилото „Рено Лагуна” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, а сопатник бил А.И., по што ја зголемил брзината и продолжил со движење“, велат од полицијата.
„Пред да биде запрен тој не испочитувал уште една наредба за запирање и со неговото возило удрил во службено полициско возило и во полициски службеник. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението.
vesnik.com