НетПрес: Лакрдија во врска со постапката за избор на вд ректор на УИНТ-ОХРИД

По објавувањето на мојата колумна под наслов   ОБРАЗОВНО „ФИЛМСКО“ СЦЕНАРИО НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „АПОСТОЛ ПАВЛЕ“-ОХРИД (2 ДЕЛ)… на крајот од колумната  истакнувам „… анонимниот лик  Александар Стефкоски, со адреса Охридати бр.3 пам2/4 Охрид,  се има сомнеж дека се крие во главните ликови на универзитетот„Св.Апостол Павле“-Охрид, и сомнеж дека  сценариото се крчка и во Бизнис центарот „Палома Бјанка“ во Скопје, каде што Универзитетот за информатички науки „Апостол Павле“-Охрид (УИНТ), неговото раководство има свои канцеларии, со финансиски средства на Министерството за образование и наука (МОН)….на потег се институциите… за финансиско испитување на Универзитетот….. “, пишува Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес.

Види повеќе: Образовно „филмско“ сценарио на Универзитетот „Апостол Павле“ – Охрид (втор дел)

Како продолжува третиот дел “филмско сценарио“на Универзитетот за информатичките науки и технологии„Апостол Павле“-Охрид

Чувствувам за потребно да ги запознам македонските надлежни институции како и меѓународни, со лакрдијата која што продолжува на Универзитетот „Св.Апостол Павле“-Охрид, на чело со ректорот Иван Бимбиловски, а со него и конструкторот професор Нинослав Марина ( поранешен ректор), како и претседателот на Сенат Расим Салкоски и претседателот на Универзитетската изборна Комисија, Атанас Христов, и тоа за периодот по јавното објавување на Пресудата од страна на Управниот суд на Република Македонија, како и писмената достава на Пресудата, па се до „изборот“ на Нинослав Марина за ВД Ректор на УИНТ на 2.5.2024 година.

Имено, како што наведувам: После сите образовни „филмски“ сценарија на Сенатот на УИНТ- Охрид, што беше одржан на 30.1.2024 година, се донесе Одлука со која се поништи јавниот оглас за избор на ректор, бр.04-685/1 од 27.11.2023 година, и на истата седница на сенатот на УИНТ, се донесе Одлука за објавување на нов оглас за избор на ректор за истиот мандатен период 2024-2027година. Таквата Одлука на Сенатот е донесена спротивно на чл.117 од Статутот, но и спротивно на Законот за високо образование (ЗВО) и други позитивни прописи.

Согласно Статутот и ЗВО не произлегува право Сенатот да поништува Одлуки донесени од било кого, како и во случајов на своја донесена Одлука за објавување на оглас за избор на ректор. Со донесувањето на незаконитата Одлука, наведените актери извршиле злоупотреба на службената должност и овластување, а тоа го направиле свесно само заради остварување на свои лични и лукративни причини.

    Пресуда која донесува Управниот суд на Република Македонија

Управниот суд на Република Македонија, донесе Пресуда со која се уважи  тужбено барање на тужителката Устијана Речкоска Шикоска, и се поништи Одлуката на Сенатот бр.02-100/3 од 30.1.2024 година.

Во Образложението на Пресудата, Судот истакнува дека спорната одлука на Сенатот е донесена без да постојат причини, како и без постоење на факти и докази од кои произлегува основаноста. Донесувањето на Одлуката нема своја основа во одредбите на ЗВО и Статутот на УИНТ. Одлуката Судот ја поништува како незаконитаПротив Пресудата не е дозволено право на жалба.

Што значи, дека со донесувањето на Пресудата и нејзиното јавно објавување од страна на Судот на 21.3.2024 година, и доставување на Пресудата на странките, престанува важноста на Одлуката бр.02-100/3 од 30.1.2024година, бидејќи е огласена за ништовна, како и сите донесени одлуки и постапки потоа по новораспишаниот оглас за избор на ректор.

Во важност се Одлуката за избор на ректор-објавениот јавен оглас бр.04-685/1 од 27.11.2023 г. и Решението за продолжување на постапката за избор на ректор за мандатниот период бр. 02-75/1 од 23.1.2024година, донесено од ректорот Иван Бимбиловски.

Кои личности не постапуваат по Пресудата на Управниот суд

Личности кои не постапуваат по пресудата на Управниот суд, се:  ректорот Иван Бимблоски, поранешниот ректор Нинослав Марина,( а сега ВД ректор Нинослав Марина), претседателот на сенатот Расим Салкоски и претседателот на Универзитетската изборна комисија  Атанас Христов, кои  одлучиле да не постапуваат по Пресудата на Управниорт суд, односно да ја продолжат постапката по огласот за избор на ректор, иако  се надевам дека се „свесни“ со таквите незаконски дејствија  кои ги прекршуваат прописите, односно вршат КРИВИЧНО ДЕЛО, кои  одлучиле да не продолжи постапката за избор на ректор се додека му трае мандатот на ректорот Иван Бимбиловски до 3.5.2024 година.

Иако, писмено се известени  ректорот како и раководителот на правната служба на УИНТ- Охрид, за БАРАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР, притоа наведувајќи ги одредбите поради кои ректорот како и другите органи се должни да постапуваат, во спротивно вршат КРИВИЧНИ ДЕЛА ( за непочитување на Пресудата на Управниот суд подготвувам посебна Кривична пријава), и дека постапката за избор треба да биде завршена онака како е предвидено со Решението бр.02-75/1 од 23.1.2024 година, донесено од ректорот. Манипулациите на ректорот Иван Бимбилоски, одат до таму истакнувајќи и правдајќи се дека  немал добиено пресуда, иако е запознат со пресудата уште кога Судот ја објавил на 21.3.2024 година, на која тој лично присуствувал на судската седница за објава на пресудата.

Постапката на ректорот Иван Бимбилоски е крајно недолична, непрофесионална, неакадемски и спротивно на член 101 од ЗВО, каде што ректорот е одговорен за законитоста и статутарноста  на работата на универзитетот… кој ја води високообразовна институција под СВЕТОТО име АПОСТОЛ ПАВЛЕ.

Исто така, постапката на претседателот на сенатот Расим Салкоски, кој ги води седниците на сенатот, го прекршува  член 96, точка 7 од ЗВО, каде што:„претседателот на сенатот е одговорен  за законитоста и статутарноста на работењето на сенатот“.

Лакрдија на седницата на сенатот

Наместо на   седница на сенатот, да се донесе и испочитува пресудата на Управниот суд, закажуваат седница, која била   закажана за 23.4.2024 година, и под   точка 4 од дневниот ред стои:  „ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА ВО ПОВТОРНА ПОСТАПКА ПОСЛЕ ПРЕСУДАТА НА УПРАВНИОТ СУД“. На таа седница била донесена Одлуката бр. 02-303/3 од 23.4.2024 година, која гласи „ОДЛУКА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР БР.04-685/1 ОД 27.11.2023 г.“. Спротивно на пресудата на Управен суд.

Сенатот донесува Одлуката  да се поништи јавниот оглас за избор на ректор. Со ваквиот чин  ректорот Иван Бимбилоски, како и претседателот на сенатот Расим Салкоски постапуваат спротивно на ЗВО.

Што стои во образложението на Одлуката на сенатот

Забележително е образложението во Одлуката за повторно поништување на огласот, кое што не само што е незаконито, неосновано, неразбирливо, несфатливо, туку е и смешно и жално. Во образложението како причина сенатот се повикува на записникот од вонредниот инспекциски надзор бр.09-02 од 9.1.2024 г. изготвен од инспекторката Даниела Кировска, која пак за време на извршувањето на вонредниот инспекциски надзор и констатираното во записникот, свесно има направено повеќе злоупотреби, што е очигледно, а со цел да му помогне на ректорот во смисла по секоја цена да се попречи постапката за избор на ректор.

Лакрдијата на претседателот на сенатот на  Универзитетот

Лакрдијата на седницата  на сенатот на 23.4.2024 година, продолжува, кога  под точката разно, претседателот на Универзитетската изборна комисија Атанас Христов, предложил сенатот да утврди мислење за зголемување на бројот на проректори на УИНТ, затоа што претходното мислење кое било донесено на сенатот на Записник од седница од 25.11. 2021 г. УИНТ да има најмалку  (еден) 1 проректор не било неопходно и дека треба да му се даде слобода на ректорот и ректорската управа да назначат онолкав број проректори колку што се смета дека е потребно, а во согласност со Статутот на УИНТ. Предложеното мислење на сенатот, така, усвоено да се достави до ректорот на УИНТ. Ова мислење е заведено под бр. 02-303/4 од 23.4.2024 година.

На 29.4.2024 година, ректорот Иван Бимбилоски, кој  ја раководел седницата на ректорската управа, на таа седница било  усвоено претходно наведеното мислење од сенатот, односно таквото мислење ректорската управа го поддржува. Притоа и ректорот и ректорската управа утврдиле дека има потреба за избор на повеќе проректори на УИНТ-Охрид.

Во ист ден се ректорската управа и сенатот носат одлуки?

Лакрдијата започнува, така што на 30.4.2024 година, во ист ден, заседаваат и сенатот и ректорската управа. Не ми е познато кој од двата органи прв одржал седница (од службите несмеат да кажат, им било наредено да не даваат никакви информации. Во спротивно ќе бидат избркани од работа- ДИКТАТУРА). Сенатот со Одлука бр. 02-325/2 од 30.4.2024 година, констатирал, дека му престанува функцијата член на сенатот на Нинослав Марина, а со Одлука бр. 02-320/2 од 30.4.2024 година, ректорската управа, истиот го избира за проректор за финансии, инвестиции и развој за период од 30.4.2024 до 3.5.2024 г., Сето ова се случува само за 1(еден) работен ден (1 мај Ден на трудот и 3 мај, како Велики петок, се работи за два државни празници), (до 3.5.2024г. бидејќи дотогаш му важи мандатот на ректорот Иван Бимбиловски). Одлуката влегува во сила веднаш со денот на донесувањето. Истиот ден на сенатот на местото на Нинослав Марина за член се избира доцент Јован Карамачоски со Одлука бр. 13-25/4 од 30.4.2024 г. Лакрдијата продолжува, па со  Одлука на ректорската управа бр.02-320/3 од 30.4.2024 г. избрана е за проректор за настава и студенти, проф. Мерсиха Исмајлоска, само за 1 (еден) работен ден до 3.5.2024 г. (до кога му важи мандатот на ректорот Иван Бимбиловски). Па „филмското“ сценарио продолжува, така што, на истата седница на ректорската управа со која раководи ректорот е избран за проректор за наука проф. Анис Сефиданоски со Одлука бр. 02-320/4 од 30.4.2024 г. исто така за само за 1 (еден) работен ден до 3.5.2024 г.

Лакрдијата и манипулациите на сенатот  продолжува со тоа што двајцата професори, Мерсиха Исмајлоска и Анис Сефединовски, истиот ден, се разрешени од членови на сенатот, кои истовремено биле и членови на универзитетската изборна комисија, а сето тоа е направено за да истите бидат тргнати од членови на сенат и членови на изборна комисија бидејќи тие претходно го поддржувале  изборот на кандидатот за ректор на тужителката Устијана Речкоска Шикоска.

Која е манипулацијата на сенатот со избор на три проректори  само за еден ден

Изборот на тројцата проректори е направено со цел за да евентуално  тужителката Устијана Речкоска Шикоска, да  небиде избрана за ВД ректор, по истекот на мандатот како што произлегува од Статутот чл. 143, каде е нагласено, дека до изборот на нов ректор, сенатот избира за ВД ректор, еден од проректорите на универзитетот.

Тужителката Устијана Речкоска Шикоска, била единствен проректор на универзитетот и тоа за меѓународна соработка, избрана во 2022 г., со мандат до 3.5.2024 г. додека траел мандатот на ректорот Иван Бимбиловски. Ако не се извршело избор на тројца проректори со мандат од 1(еден) работен ден,  тужителката Устијана Речкоска Шикоска ќе била ВД ректор. Но, со ваквата организирана манипулација  на ваквиот сенат и ректорската управа не им одговарало  тужителката Устијана Речкоска Шикоска да биде ВД ректор.

Едногласно избран за ВД ректор, Нинослав Марина

Лакрдијата започнува на 2.5.2024 година, каде што е  свикана  итна седница на Сенатот со  дневен ред и тоа: точка бр. 1. Верификација на мандатот на новиот член на сенатот доцент Јован Карамачоски и точка бр. 2 „Избор на ВД Ректор на УИНТ Св.Апостол Павле.

На таа седницана сенатот, едногласно е избран за ВД Ректор Нинослав Марина, кој што претходно сметано од 2012 година, па се до 2021година, бил континуирано ректор на универзитетот, тоа значи повеќе од двапати. Сега по трет пат што е спротивно на чл. 97 од ЗВО и Статутот на УИНТ, каде што е кажано дека не може повеќе од два мандати да биде избран за ректор, па секако и за ВД ректор.

Незаменлив  ректор и проректор на УИНТ-Охрид

За сето тоа време додека Нинослав Марина бил ректор од 2012 па се до 2021 година, негов проректор бил Иван Бимбиловски, а од 2021 г. па се до 3.5.2024 година,  Иван Бимбилоски е ректор. Од сето ова, што е особено забележително, несфатливо, незаконито, неодговорно од институциите, кои што не дејствувале, а се работи за ЈАВЕН ИНТЕРЕС, дозволиле сиот овој период двајцата да бидат избирани за ректори и проректори на ЈАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ иако не ги исполнуваат условите за избор, односно немаат наставно-научни звања, и немале доставено доказ дека се имаат стекнато со соодветно образование што е констатирано во Записник на ДПИ бр. 21-356/3 од 30.4.2013 г. и ИП1 бр. 09-44 од 28.3.2022 г.

Каде се работно ангажирани Нинослав Марина и Иван Бимбилоски

За сите вработени на УИНТ „Св Апостол Павле“- Охрид, е познато дека овие двајца професори се постојано отсутни од универзитетот, бидејќи се наоѓаат во странство, за што и сами потврдуваат дека биле двојно работно ангажирани, едниот во Швајцарија, Кина и незнам уште каде не, а другиот во Казахстан, Кина, Дубаи……Истите користат финансиски средства од МОН. Каде што ќе има работа на новиот министер за образование и наука и за другите институции. Зошто се замолчувало? Одговор мора да има!.

Карактеристично е да се истакне што веднаш откако на 2.5. 2024 година,  бил избран Нинослав Марина за ВД ректор, од тој ден па и до денес кога ја пишувам оваа  колумна,  на двајцата не им се знае трагот каде се наоѓаат, единствено се знае дека не се во земјава, и никој од вработените на универзитетот не знае каде се наоѓаат и несмеат да комуницираат, во спротивно ќе бидат избркани од работа. Каде сте институции?. Што правите!!!

Што презема МОН и Државниот просветен инспекторат

Во врска со моето пишување и истражување, и добиени известувања од Државниот просветен инспекторат (записник бр.09-02 од 10.01.2024 година, инспектор Даниела Кировска) стои дека: …согласно чл.202 и 203 од ЗВО било констатирано дека Универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, не ги исполнува минимум условите за опстојување затоа што никој од петте факултети не ги исполнува минимум условите согласно чл.61 од ЗВО, за да функционира како факултет. Кај секој факултет треба да има минимум 10 лица, стекнати со наставно-научно звање и во редовен работен однос, а во реалност, на Универзитетот има факултети со по тројца или најповеќе со четворица вакви лица. Ова го истакнувам за да се разбере дека во целиот овој период од 2012 г. па до сега, односно полни 12 години, овие двајца ректори, односно проректори, колку совесно ги извршувале своите работни задачи. Во континуитет отсуствуваат повеќе месеци, а не станува збор дека одржуваат настава, освен понекогаш onlinе и ништо повеќе. Секој треба да се запраша во сите овие години какви надоместоци на име плата и друго имаат остварено без да ги извршуваат работните задачи.

Многу е сериозна и актуелна состојбата со Универзитетот и потребно е под итно надлежните органи целосно да ја испитаат состојбата и да се донесе соодветна одлука. Исто така, сите овие напоменати лица мора да се соочат со одговорност бидејќи се работи за вршење на кривични дела организирано, а се со цел заради остварување на своја материјална корист или други лукративен интерес.

За се ова што е досега кажано распологам со писмени докази и истите на ден 04.06.2024 година, ги доставив до Државниот јавен обвинител на Република Македонија, претседател Љупчо Коцевски, Државната комисија за спречување на корупција, и  на 05.06.2024 година, доставен е предмет и до:Transparency International,Macedonia,претседател Благоја Пандовски. За Основно сомнение: Злоупотреба на службена должност, организиран криминал, штета на државен буџет од страна на проф.д-р Иван Бимбилоски, ректор (од 2021 година па се до денес) на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид, како  и Основно сомнение: Злоупотреба на службена должност, организиран криминал, штета на државен буџет  на Република Македонија од страна на проф.д-р Нинослав Марина, предходен ректор ( 2012-2021)  на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид.

На потег се институциите и новата Влада  предводена од ВМРО-ДПМНЕ!!!

Во борба против организираниот криминал и корупција СЕГА И ВЕДНАШ!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес