На 8 јуни 2024 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Осветувањето на новоизградениот храм посветен на Вознесението Христово, во с. Долно Соње, Скопско.
На Архиепископот му сослужуваа: Неговото Високопреосвештенство, Митрополитотот Брегалнички г. Иларион, како и Епископите Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Стобиски г. Јаков.
По Чинот на осветување беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија во присуство на многуброен верен народ.
По Литургијата, Архиепископот му додели Светоклиментов орден од I ред на ктиторот на храмот, г. Перо Велковски, како и Одличје „Архиепископ Доситеј“ на градоначалникот на општина Сопиште, г. Стефче Трпковски, за особените залагања и поддршката во изградбата на храмот.
liturgija.mk