More

    Сѐ уште нема трага од 10-годишниот Петар кој исчезна во Мариово

    Сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово. Според СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати и детето не е најдено.

    На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите.

    Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

    Пределот се пребаруваше од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица, а беше вклучен и хеликоптер на МВР.

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    20.8 ° C
    20.8 °
    20.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Sat
    36 °
    Sun
    32 °
    Mon
    24 °
    Tue
    29 °
    Wed
    19 °
    spot_imgspot_img