Овој викенд постои можност за ново невреме во Македонија

Почитувани, како што веќе ве информирав  и претходно, во Македонија започна период на нестабилно време, па така  и за време на овој викенд во попладневните часови ќе  има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има  и појава на ново невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер  и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе има развој на грмотевични облаци, а можно е  и ново невреме.

Повеќе услови за нестабилност но и за невреме ќе има на изолираните места, и тоа особено во централните предели од државава, како и локално во источната половина од државава.

Апелираме, во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, и покрај постепениот пад на истите, сепак тие ќе бидат сеуште многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, во Скопје до околу 39 степени.

На следниот линк можете да ја следете алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

-пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk