(ВИДЕО) Првата снимка по нападот на колоната на претседателот на САД

Агентите на Тајната служба кои го штитат американскиот претседател Џо Бајден ги повлекле пиштолите на возачот на автомобилот кој удрил во џипот на неговата придружба.

Инцидентот се случил во неделата околу 20 часот по локално време кога Бајден и неговата сопруга излегувале од предизборниот штаб во Вилмингтон, Делавер.

Бајден застана и изненадено погледна во насока на судирот. Тој и првата дама не се повредени во инцидентот.

Како што објавија американските медиуми, автомобилот кој удри во џипот од претседателската поворка е со таблички од Делавер. Инцидентот се случил на раскрсница.

Возилото, според пишувањата на светските медиуми, се обидело да продолжи кон затворената раскрсница пред персоналот на Тајната служба со извадени пиштоли да залетал во акција и да го опколи возачот, наложувајќи му да ги крене рацете.

На видеото кое кружи по мрежите се слуша како тој му наредува да ја отвори вратата од возилото. Не се знае дали ги слушал.

Името на возачот не е објавено.

Белата куќа сè уште нема дадено соопштение за оваа прилика.

Медиумите јавуваат дека Џо Бајден и првата дама безбедно биле сместени во возило и однесени.

 

telegraf.rs