Годинашниот Преспа форум за дијалог, што почна вчера во Охрид, продолжува. Премиерот Димитар Ковачевски денеска, како што е најавено, ќе ја отвори сесијата на тема „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. На панел сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија Ана Брнабиќ, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим.
Радио Слободна Европа