Јан Стојановски го освои првото злато за Македонија на Европската олимпијада по физика

Македонскиот генијалец Јан Стојановски, денес го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која од 15 до 19 јули 2024 година се одржува во Кутаиси, Грузија, објавија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

– Честитки за Јан за кој ДФРМ не се сомневаше дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година. Од сè срце ти го посакуваме и златниот медал на Меѓународната олимпијада по физика која од 21 до 29 јули 2024 година ќе се одржи во Исфахан, Иран! – истакнаа од ДФРМ.

 

skopjeinfo.mk