Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ стана активна на социјалната мрежа ТикТок.
Таа понекогаш со своите следбеници споделува детали од приватниот живот, главно хумористични ситуации кои непланирано ѝ се случуваат, објави Телеграф.
Цеца на пат кон Македонија се затекнала во сообраќаен метеж. Додека чекала во долга редица на граница, излегла од автомобилот да се истегне. Беше во опуштено издание, во бела маичка со отворен грб, фармерки и папучи.
– Кои се најдобрите совети за истегнување кога има вакви колони? – ја прашал човек Цеца, која веднаш почнала да се движи и да ги покажува вежбите покрај автомобилот.
– Се наведнуваш, 20-30 повторувања додека не се исправиш. Без чучњеви. Мислам, можам, но имам платформа, не е стабилно, а имам и публика овде – низ смеа рекла Цеца и додала …
– Не можеме да одиме ни напред ни назад – рекла пејачката, а потоа се случило нешто неизбежно. Обожувателите ѝ пришле за да се сликаат.
– И секако, најмалку 20 серии слики – додаде Цеца низ смеа, а урнебесната ситуација погледнете ја во видеото.
@cecaraznatovicoff TRENING SA CECOM! 🏋️♀️😂❤️ #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkantiktok ♬ original sound – CECA