Пратеници добиле заканувачки СМС пораки

0
55

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина.

За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.