Особено задоволство ми претставува тоа што едногласно сум избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на редовната седница на советот, која се одржа денеска во Струга, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Во мојот мандат ќе бидам отворен за соработка во насока на обезбедување на што повеќе средства за имплементација на проекти во Југозападниот регион, особено во руралните средини. Работата на Советот е позитивна бидејќи заеднички се реализираат значајни регионални проекти кои ги подобруваат условите во повеќе сфери од живеењето.
Во време на кризни состојби со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа и општинските јавни претпријатија, потребно е да се мобилизираат сите субјекти со цел да се надминат проблемите и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.
извор: ФБ Кирил Пецаков.