МКД: Стотици македонски граѓани со коли со бугарски таблички се враќаат од граница, Царинската управа молчи

Македонските граѓани кои возат автомобили со странски таблички, ако сакаат да влезат во земјава со нив ќе треба да се откажат од живеалиштето во Македонија или да ги остават и да ја поминат границата пеш. Вакво е искуството на стотици македонски граѓани кои со автомобили со бугарски таблички се обиделе да влезат во земјава на трите гранични премини на бугарско-македонската граница, објави МКД.мк.

„Се враќав од Бугарија и се шокирав кога на македонската граница ми рекоа дека не можам да влезам со автомобилот со бугарска регистарска табличка. Ми рекоа ‘ ти можеш да поминеш пеш, а колата да ја оставиш во Бугарија‘. Се вратив во Бугарија и ја оставив. Морам да видам зошто е тоа така, па да се вратам по неа“, раскажува скопјанец за своето искуство на граничниот премин Деве Баир.

Вели дека сега се распрашува како да го реши проблемот.

За разлика од него, друг наш сограѓанин, уште пред да ја напушти земјава на граница бил предупреден да не излегува со автомобилот од Македонија, бидејќи после нема да му биде дозволено со него да се врати.

„Тргнав за Бугарија да ја регистрирам колата, бидејќи мора да помине на технички преглед. Осигурување можам да платам од овде, ама на технички преглед мора да одам. Но, се вратив. Што ќе ѝ правам после на колата ако не можам да влезам во Македонија“, вели тој.

 

Текстот во целост на: МКД.мк.