Пратеник од еден од претходните состави на македонското Собрание се истепал со друго лице во Вевчани, дознава News1.mk од свои извори во полицијата.
Како што дознаваме инцидентот се случил по претходна расправија околу одредени имотно – правни односи меѓу учесниците во тепачката.
Случајот бил пријавен во полиција, сослушани се учесниците во инцидентот и предметот е даден на понатамошна постапка.
извор: NEWS1.MK