Документите на ИРЛ обезбедени од бугарскиот централен регистар и од бугарскиот депозитар на хартии од вредност го демантираат демантот (ОВДЕ ЛИНК КОЧО ДЕМАНТО) на бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев дека тој на никаков можен начин не е поврзан со бугарскиот инвеститор Соларпро од Софија. Соларпро е партнер во државната ТЕЦ Осломеј. Демант (ОВДЕ ЛИНК солар )испрати и софиската Соларпро, а уредничкиот одговор ги адресира и нивните забелешки кои се речиси идентични со оние на господинот Анѓушев, објави IRL.mk.
Линк до сторијата на ИРЛ овде.
Демантите кои што пристигнаа во ИРЛ сугерираат дека текстовите на ИРЛ содржат невистини во однос на поврзаноста на поранешниот висок функционер и новите бугарски партнери на држаата, конкретно лицето Јури Богомилов Катанов. Оваа, како и сите други стории објавени на ИРЛ се изработени врз база на документи добиени од државни институции во Македонија и Бугарија.
Демант од Кочо Анѓушев
|
Демант од Соларпро
|
---|---|
|
|
Професор д – р Кочо Анѓушев во демантот до ИРЛ ќе напише: „Ниту една компанија во која јас или моето семејство сме дел од сопственичката структура нема никаква поврзаност со фотоволтаичнта централа Осломеј“. Тоа не е вистина.
ИРЛ во својот текст посочува дека Јури Богомилов Катанов е дел од сопственичката, односно акционерска структира на бугарскиот инвеститор, како и дека истиот е директор во фирмата во сопственост на господинот Кочо Анѓушев и членови на неговото потесно семејство. Истовремено, Катанов е и претставник на бугарскиот инвеститор и член на бордот директори и ко-управител во компанијата со идентично име (подоцна променето) на семејството Анѓушеви.
Фото: Архива NEWS1.mk