More

    Бектеши: Евтината тарифа од 22 до 7 часот нема да се менува

    Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинствата, малите и микро претрајтијата.

    -Финализиран е новиот модел на тарифирање од страна на РКЕ. Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претрајтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови, информира Бектеши.

    Бектеши потсети дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претхоната година.

    – Но, што направиле одредени фирми, за што е известана УЈП, отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар. За жал, тоа го направиле и одредени општини, рече министерот.

    извор: Курир

    фото: Архива NEWS 1

    spot_img
    spot_imgspot_imgspot_imgspot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    22.8 ° C
    22.8 °
    22.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Mon
    36 °
    Tue
    37 °
    Wed
    34 °
    Thu
    34 °
    Fri
    30 °
    spot_imgspot_img