Левица Струга: Дали координаторот од Струга Јован Митрески ќе гласа за учебници под диктат на Бугарија?

Како координатор на пратеничката група на СДСМ и пратеник од Струга, Јован Митрески треба јавно да обзнани дали ќе гласа за бугаризација на Македонија.
Протоколот кој неговата партија намерно го крие од јавноста, поради скандалозноста на документот, предвидува учебниците во иднина да бидат одобрени од страна на Бугарија – со што директно ќе биде избришана сета антифашистичка борба на Македонија!
Како што предвидува Протоколот (кој го објавија бугарските медиуми):
‼️,,Двете страни да подготват и презентираат примероци од лекции врз основа на препораките на Комисијата, за кои Комисијата постигна согласност приложени кон Протоколот на следниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и да ги вклучи во иднина на соодветните наставни програми, учебници и други релевантни наставни материјали, натписи на табли, историски монументи, споменици и информативни материјали во музеи и други локации од образовно и културно значење, како и во електронски информативни досиеја на јавен имот.”
Ова директно потврдува дека сета историја на НОБ, која ја негира Бугарија, ќе биде избришана од учебниците, спомениците и колективната меморија на македонскиот народ!
Дали пратеникот Митрески има совест и одговорност кон сите жртви од Струшко дадени за време на анти-фашистичката борба?
Дали пратеникот Митрески е подготвен да гласа за предлог кој го прифати најдокажаниот анти-македонист Румен Радев?
Левица -Струга