Рускиот амбасадор Баздникин: Против Русија се води информативна војна

Во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија амбасадорот на руската федерација Сергеј Баздникин информираше дека против Русија се води информативна војна.

-Јас би сакал отворено да кажам дека против Русија се води вистинската информатива војна, дури и информативен терор. Се користат сите расположливи средства за да се дискредитира раководството на нашата земја, нејзините вооружени сили, да ни се препишат планови кои ги немаме. Нашите опоненти не се колебаат да објават лажни вести и за дејствата на руските војници вклучително и наводното таргетирано бомбардирање на станбени квартали, изјави Баздникин.

Тој нагласи дека руската страна никогаш не била автор на такви лажни вести и дека остро ја осудуваат антируската кампања започната во западните земји.

извор: Сител