Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти, објави Република.
Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Но, дали е така?
Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари.
Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно, пишува Република.
Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин.
Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини.
И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот.
извор: Република.