Ограничен е извозот на масло од сончоглед до 31 мај

На денешната седница Владата донесе Одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед поради сериозни пореметувања на домашниот пазар, која стапува на сила од денеска и ќе важи до 31 мај.

Оваа одлука е донесена врз основа на Законот за трговија, кој предвидува дека на предлог на Министерството за економија, Владата може да го ограничи извозот или увозот на одделни стоки или да пропише посебни услови за увоз или извоз.