Протест на здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

0
220

Белите мантили, дел координирани од синдикални и гранкови организации, а некои спонтано, иако не престанаа со работа, за време на паузите излегоа пред клиниките и болниците на предупредувачки протест за да ја побараат јануарската плата која, поради хакираниот систем на Фондот за здравствено осигурување, им доцни веќе десетина дена, објави Канал 5.

Утрово самоиницијативно први излегоа неколку десетици вработени во Клинички.

Синдикатот на Клинички центар, одлука ќе носи утре, но од таму за Канал 5 велат дека дури и да има плата, сепак протест ќе се органзира, пред се поради нереализираното ветување за зголемување на платите за медицинските сестри и останатиот медициски персонал..

За штрајк се подготвува и вториот поголем синдикат во здравството.

извор: Канал 5.

фото:Канал 5.