МВР: Завршија проверките, најавите за бомбите се лажни

0
144

Лажни биле сите 18 дојави за бомби во скопски училишта и во едно училиште во Прилеп кои утринава околу 9 часот и 30 минути стигнаа на електронските адреси.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението од МВР.

 

извор: МВР