Пејачот Немања Вуковиќ (22) загина во сообраќајна несреќа, објави видео од возењето пред смртта

Пејачот Немања Вуковиќ загина синоќа во страшна несреќа на автопатот Шид – Белград, јавуваат српските медиуми.

 

Според првичните информации, 22-годишниот  пејач излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, како што се сомневаат, го напуштил возилото и почнал да поминува по автопатот кога во него удрил автобус кој сообраќал од правец на Бања Лука.

Немања пред несреќата објави видео на Instagram Story како слуша музика во автомобилот, а на видеото се гледа и автопатот каде го загуби животот.

index.hr