Цариник вмешан во шверцот со златен накит вреден 2,2 милиони еврa на скопскиот аеродром

Обвинителството објави дека во шверцот на златен накит покрај странски државјанин учествувал и помагал цариник од макаедонската царинска управа. Обвинителството отвори истрага за криумчарење на златен накит вреден 2,2 милиони евра.

Криумчарот кој имал и српски и турски пасош слетал пред два дена на скопскиот аеродром, а во негово друштво била и македонска државјанка. Сопатничката на шверцерот била сестра на цариник кој иако не бил на смена дошол да ги пречека.

-„Зелениот коридор“ бил затворен со безбедносна лента, па осомничениот цариник ја тргнал лентата и продолжил кон излезот. На тоа реагирал царинскиот службеникот кој го контролирал летот, но осомничениот се претставил како колега цариник и продолжил заедно со својата сестра и со осомничениот странски државјанин да се движи кон излезот. Тогаш интервенирале царинските службеници на смена, извршиле претрес на лицата и во ранецот на патникот од Истанбул пронашле 15 килограми златен накит, додека останатиот вреден накит бил пронајден во куферот на осомничениот натоварен на количката за багаж, соопшти обвинителството.

Двајцата осомничени се уапсени, а обвинителството наведе дека бара притвор во своето соопштение.

 

telma.mk