Со фотографии од починатите пациенти на Жан Митрев и транспаренти на кои го обвинуваат за профитерство, семејствата на починатите го чекаа кардиохирургот утрово пред Кривичниот суд. Судењето и денес не почна. Судијката го одложи затоа што предметот е во Апелација по жалба од одбраната за замрзнувањето на сметките.
Судење се одложи затоа што предметот е речиси 1 месец во апелациониот суд кој треба да се одлучи по жалбата за замрзнувањето на имотот на Митрев.
Обвинителката Искра Хаџивасилева бараше да се закажат повеќе темрини односно разумна динамика за судење. Тоа е во интерес и на правата на оштетените но и обвинетиот, истакна таа.
Адвокатот на Митрев, Никола Додевски и одговори дека врши притисок а протестот пред судот го доживелае како линч.
Ново рочиште закажа за 12 мај.
фото: PRTSC Sitel