Инфлуенсерката Британи Алин, која ја следат преку 115.000 луѓе на Инстаграм, вели дека ѝ здодеало да го чека совршениот партнер, да се омажи и да има деца.
Наместо тоа, таа решила сама да оди на совршен меден месец.
„20-годишната јас беше сосема поинаква. Сакав да бидам мајка која останува дома. Бев заљубена во тип што го познавав од средно училиште и мислев дека ќе се венчаме и ќе имаме деца до 27 или 30 години, а јас ќе терам кариера на страна. Но, раскинавме на 25 и јас тргнав во сосема друга насока“, вели инфлуенсерката Британи Алин, која решила да не го чека совршениот маж и сама да оди на меден месец.
Алин на Јутјуб објави видео во кое раскажува дека е изморена да го чека мажот на нејзиниот живот. Вели, веќе нема 20 години за да сака да стане домаќинка.
Таа сподели дека лани отпатувала во Лондон каде што ги замрзнала своите јајце-клетки, а потоа резервирала одмор од соништата во Франција и Италија, и оттогаш живее живот на среќен самец, пишува NY Post.
View this post on Instagram
crnobelo.com