Претседателот на Турција, Ердоган, ифтареше со семејствата на погодените од земјотресите во областа Хатај

0
79
ХАТАЈ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека општините ќе продолжат со потребните активности сѐ додека не се нормализира животот во областите во јужните делови на Туркије што беа потресени од разорните земјотреси на 6 февруари, известува Анадолу. ( Murat Kula - Агенција Анадолија )

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека општините ќе продолжат со потребните активности сѐ додека не се нормализира животот во областите во јужните делови на Туркије што беа потресени од разорните земјотреси на 6 февруари, известува Анадолу.

„Се надевам дека и ние во секоја можност ќе доаѓаме тука да ја поделиме вашата болка и внимателно ќе ја следиме извршената работа“, рече Ердоган за време на посетата на Хатај.

Ердоган вчера учествуваше на церемонијата за почетокот на изградбата на нови станбени единици во областа Хатај, што беше разорена од земјотресите на почетокот на февруари, а кон крајот на денот во контејнерската населба ифтареше со семејствата на жртвите од земјотресите.

На ифтарот присуствуваа и лидерот на Националната народна партија (МХП), Девлет Бахчели, и локални официјални лица.

Ердоган во своето обраќање потсети дека од земјотресите директно се погодени околу 14 милиони луѓе.

„Каде и да се наоѓаме, нашите срца чукаат со вас, погодените од земјотресите“, рече турскиот претседател и додаде:

„Од првиот ден на теренот се сите надлежни институции на нашата земја.“

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари утрото во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во 11 турски области се погодени од земјотресите, но и голем број во северните делови на Сирија.

 

Извор: Анадолу.

фото:Анадолу.