Скок за 18 позиции на АТП листата на македонскиот тенисер Калин Ивановски

На најновата објавена АТП листа по поразот на Карлос Алкараз во полуфиналето во Мајами, Новак Ѓоковиќ се врати на првото место.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го запиша до сега својот најдобар ранкинг на АТП листата.

Ивановски скокна за 18 позиции и моментно е на 457 место со 91 поен.

Македонецот во март имаше низа настапи на неколку турнири во Франција, најдобриот резултат го имаше во Поитие кога стигна до полуфиналето.

 

slobodenpecat.mk