Трамп е уапсен

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, пристигна во судот на Менхетен каде беше и формално уапсен. Во зградата на судот на Трамп ќе му бидат одземени отпечатоци од прстите, после што ќе се појави пред судот, каде треба да се изјасни дали се чувствува виновен по точките на обвинението.

Откако пристигна пред зградата на судот тој излезе од автомобилот и погледна во правец на неговите поддржувачи и ги поздрави со стисната тупаница.

Скај Њуз пренесува дека на поранешниот претседател не му биле ставени лисици на рацете, на барање на неговото обезбедување од тајната служба.

Откако ќе се изјасни по обвинението се очекува да биде пушптен да се брани од слобода и да замине на својот имот на Флорида.

„Изгледа надреално. (wow), ЌЕ БИДАМ УАПСЕН. Не ми се верува дека ова се случува во Америка. МАГА!”, напиша Трамп претходно на твитер.

Трамп е обвинет од големата порота на Менхетн за пари исплатени на порноѕвездата Сторми Даниелс, со што стана првиот поранешен претседател на САД кој се соочил со кривични обвиненија.