Кафеаните во Македонија стануваат луксуз.”Изгор” скапите цени ставија клуч на врата на многу угостителски објекти поради намалена работа. И во тие ресторани кои работат менито е двојно поскапо за разлика од пред неколку години.Најскапи градови и понатаму остануваат Скопје и Охрид. Особено зголемени се цените на салатите, месото и кафето. Една шопска или македонска салата на одредени локации чини и повеќе од 400 денари. Чорба најчесто над 200 денари, порција пилешко се движи до 400 денари, свинското месо од 300 до 500 денари зависно од локацијата на ресторанот или кафеаната, а лосос на скара и до 50 евра. Пиво е околу 120 денари, ракија од 100 до 150 денари за чаша, сок речиси и да нема поевтин од 100 денари.
Граѓаните велат бранот поскапувања никако не запирал. А скапата живеачка, не им дозволува да седат во ресторан.
За дел од граѓаните, потребно е државата да ги контролира колку-толку цените во угостителските објекти.Особено се пожалија на скапотијата во Скопје и Охрид.
Во Охрид цените се “најсолени”, повисоки отколку на море.Кафе еспресо чини од 180-250 денари. Чаша ракија неверојатни 250 денари. Најефтината пица е 500 денари. Охридски појадок чини дури 400 денари. Таа цена е за две парчиња леб, две јајца „на око“, чадено пилешко, кашкавал или сирење и маслинки. Исто толку пари, чинат пржени лепчиња.
Инаку, според најновата статистика на ДЗС.Од јули лани до јули годинава, угостителските услуги поскапеле за речиси 5 проценти.
Економски експерти прогнозираат дека поскапувањата нема да затанат, тука, зошто инфлацијата и трошоците за работна сила и понатаму ќе влијаат на цените.