Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во понеделник на подготвителна седница пред Мепсо, Мемо, ЕВН Хоме, Електродистрибуција ќе ги претстави одлуките за тоа кои од трошоците им се прифатени, по што се очекува традиционално компаниите да достават и забелешки.
Според наши информации, до петок РКЕ ќе ја соопшти конечната одлука за цената на струјата. Во моментов е јасно дека ако се прифатат сите забелешки и трошоци на компаниите кои веќе ги доставија своите понуди, цената на струјата ќе се покачи, иако тука не е пресметан ниту ДДВ-то кое од 10 се враќа на 18%. Според пресметките, ако се прифатат сите трошоци, вклучувајќи го и враќањето на ДДВ-то, цената може да се зголеми и до 20%, објави ТВ 21.
Регулаторната комисија за енергетика најави дека со оглед на враќање на повисоката даночна стапка за струјата се рагледуваат сценријата за избегнување на нов ценовен шок за граѓаните.
АД ЕСМ на денешниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН му доставил понуда од 53 евра за мегаватчас пред одлуката на Регулаторна комисија за енергетика по колкава цена ќе ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи електричната енергија од 1 јули.
„АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 53 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 5,35% пониска од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2023), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 56 евра за мегаватчас“, вели ЕВН Хоме.
Иако, се очекуваше евтина дневна струја од 1 јули, сепак нема да има. Кога ќе ја добијат оваа поволност домаќинствата не се знае. Проблем била промената на броилата за кои било потребно повеќе време. Владините функционери оваа поволност ја најавуваа, речиси, два месеца, но сега виси прашањето кога ќе има два часа во денот евтина електрична енергија.
Текстот во целост: ТВ 21.