Патот Берово-Виница е прооден периодично бидејќи се расчистува патот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), по силното невреме кое денеска го зафати Берово.
Од ЦУК соопштуваат дека во Берово поплавени се земјоделски површини и куќи, а по улиците има наноси на песок.
„Водата се повлекува, нивото на Колачински Поток и Смојмирска Река опаѓа. Поплавени се земјоделски површини, АМСМ во Берово и повеќе куќи, а по улиците има наноси од песок. Екипите на ТППЕ Берово се на терен и работат на расчистување на улиците и испумпување на вода во АМСМ и од куќите. На помош се испратени и 2 екипи на ТППЕ од соседните градови“, соoпшти Центарот за управување со кризи.
извор: ЦУК