Димова за „Фокус“: Заев во присуство на Исмајлоска од мене побара да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за „Фокус“ со име и презиме кажува кој ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на 2,2 милиони евра европски пари.

Во изјава за неделникот таа се навраќа на кривичната пријава што ја поднела во декември 2019 година за злоупотреба на 2,2 милиони евра. Ја поднела лично до тогашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески и ги замрзнала исплатите на сите спорни проекти од пријавата.

– Во април 2020 година, од владата ми беше доставен „поздрав“ со листа на проекти што требаше да ги „пуштам“. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава.

Во октомври бев разрешена поради „неетичко однесување“ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година, Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата.

Во следните неколку месеци, новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра – вели Димова за „Фокус“.

Дека ОЛАФ бара државата да врати повеќе од 2,2 милиони евра злупотребени европски пари за „Еразмус плус“, вчера потврди и сегашниот директор на Агенцијата кој кажа дека известувањето стигнало уште во ноември, а парите биле проневерени од 2016 до 2018 година.

За Димова единствена среќа во цел овој случај е тоа што Брисел бил запознат и додека во кај нас исчезнувале документи и повторно се појавувале, ОЛАФ си работел.

Текстот во целост на: „Фокус“