Хеликоптер на МВР со исфрлени над 45 тони вода спречи да се прошири пожарот кај село Пепелиште и планината Серта

По дејствувањето на хеликоптерот Бел-412 врз пожарот во општина Велес, по барање на ЦУК, дејствуваше врз пожар во атарот на с. Пепелиште и планината Серта. Хеликоптерот во 30 налета исфрли 45 тона вода и заедно со силите на теренот дејствуваше во насока на спречување на пожарот да се прошири кон селата Пепелиште и Војшанци и на тие краци е ставен под контрола.