АЛФА: Нов скандал во скопската Зоолошка, кој и зошто сакаше да ја прикрие смртта на слоницата Дуња?!

Дали и каков третман добивала слоницата Дуња, дали можела да се спаси, кој и зошто се обидел да ја прикрие нејзината смрт? Дали го има и каде е патолошкиот наод од Ветеринарниот факултет. Јавноста бара одговори на низа прашања кои се отворија по трагичниот настан во скопската Зоолошка градина. Смртта на Дуња е уште еден скандал кој ја покажува катастрофалната состојба на Зоолошката и условите во кои се држат животните. ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од директорот на оваа институција и скопската градоначалничка. Неодамнешните трагични настани освен смртта на слоницата, ги вклучуваат и угинувањата на жирафите, тигрицата, коњите, црниот лебед, пингвините и џуџестата коза. ЗОО негувателот Стефан Кирков обелодени и дека пред еден месец угинал бизонот, а за неговата смрт јавноста не слушна ни збор, објави АЛФА.

„Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на Зоолошката градина, тајно е носена, замислете, од скопската Золошка градина до скопската депонија со намера да се скрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување. Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот. Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и со институциите“, изјави Кирков.

За трагичниот настан јавноста дозна преку видео снимено со дрон кое циркулираше на интернет порталите, каде се гледа како слоницата со механизација ја транспортираат до депонијата Дрисла. Откако излегоа информации дека раководството на Зоолошката сакало да го прикрие случајот, се огласија и од ЗОО Скопје.

Азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка – „Pairi Daiza” од Белгија, со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата. Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина, велат од ЗОО – Скопје.

 

Текстот во целост на: АЛФА