Во Битола измерени 29 степени во октомври

Големо невреме низ Европскиот Континент, кај нас од 0 степени до речиси 30 степени. Времето нагло затопли и тоа поради силното јужно и југозападно воздушно струење, денес навистина имавме летен ден, најтопло беше во Битола каде се измерени дури 29 степени. Ваквата временска состојба и наглите промени на времето од топло на студено и обратно особено неповолно влијаат врз метеопатите, стои во објавата на метеопрогнозерот Славчо Попоски.