Патнички авион кој летал од Франкфурт кон Хургада, пренасочен кон Загреб – неофицијално поради срцев удар на еден од патниците

0
215

Авион Боинг 737-800 на хрватскиот ACMI превозник E.T.F Airways, регистарски број 9A-KOR, утрово во 8:20 часот по локално време на лет од Франкфурт кон Хургада и во моментот на влегување во воздушниот простор на Босна и Херцеговина на надморска височина од 10.700 метри, беше пренасочен кон Загреб, пишува Авиорадар.

Екипажот го пренасочил авионот поради, како што неофицијално дознава AvioRadar, здравствен проблем на еден од патниците на летот. Неофицијално, станува збор за срцев удар на еден од патниците. На аеродромот во Загреб патниците биле спремно пречекани од службите за итни случаи. Авионот слета во Загреб во 8:36 часот по локално време.

извор: Faktor.mk

ФОТО: Flightradar24