Мeрмерниот столб пред црквата “Воскресение Христово“ во Ерусалим, е сведоштво за Божјото чудо преку кој Благодатниот оган минал низ него во 1579 година и го пресекол на половина.
Благодатниот Оган се појавува за првпат на Велика Сабота во 335 година и години подоцна само на православниот патријарх. Со тоа ја потврдува вистинитоста и правилноста на православната вера.
Интересно и поучно собитие се случило во 1579 година. За време на султан Мурат Праведливиот, Ерменците ги поткупиле Турците, кои тогаш го владееле градот Ерусалим: Да не ги пропуштат до Исусовиот Гроб православниот патриарх Софрониј V и православните христијани.
На Исусовиот Гроб влегол само ерменскиот владика, а православните останале пред храмот. Во црквата, освен Ерменците, останале и римокатолиците. Изгонет надвор, пред Соборниот храм, патријархот Софрониј V, плачејќи ги кренал рацете нагоре држејќи свеќи и Го помолил Бога да слезе Благодатниот оган. Сите, внатре во храмот, Ерменци и римокатолици долго ја чекале појавата на Благодатниот оган и иако, тие го поминале целиот ден во молитви, сето тоа било напразно. Огнот не се појавил!
Ненадејно се чул силен ветар и гром, и мермерниот столб во дворот на храмот, до кој стоеле православните, се распукал. Низ цепнатината излегол оган и одненадеш се запалиле свеќите во раката на патријархот.
Така, Благодатниот оган одново бил пратен од Бога, но најнапред на православните христијани. Ерменците, останале без Божјата благодат, излегле засрамени од храмот, а столбот, расцепен како стар даб и до денес стои како сведок и предупредување за еретиците.
Тогаш и многу муслимани го примиле православието. Предизвикани од немирите на мирјаните, разгневените турски власти одлучиле велигденската церемонија секогаш да ја води православниот патријарх, а ерменскиот архиереј да го следи и никогаш да не зема учество во добивањето на огнот.
По оваа случка, римокатоличкото духовенство не учествува во церемониите сврзани со слегувањето на Благодатниот оган и не говорат за него.
Во манастирската сокровиштница на црквата, посветена на Марија Магдалена, се чуват свеќите на патријархот Софрониј V, кои биле запалени од Благодатниот оган!
Амин Боже и за многаја лета Благодатниот оган!
Слава на Бога во висините, мир на Земјата, и љубов и добра волја меѓу луѓето. Амин!
ФБ Тодор Петров