Ресторан им забранува влез на децата: „Ги сакаме, но време е да ја преземеме контролата“

Американски ресторан покрена жестока дебата на социјалните мрежи откако донесе одлука да им забрани влез на деца под 10 години. Nettie’s House of Spaghetti со седиште во Њу Џерси ја објави веста на нивната официјална страница на Фејсбук, објаснувајќи ги нивните причини.

„Ние сакаме деца. Ние навистина ги сакаме. Но, во последно време е исклучително тешко да се сместат децата во нашиот ресторан. Помеѓу силната бучава, недостатокот на простор за детски столчиња, чистењето на нередот и одговорноста децата да трчаат низ ресторанот, решивме дека е време да ја преземеме контролата врз ситуацијата. Ова не беше лесна одлука, но некои неодамнешни настани не принудија да ја спроведеме оваа нова политика. Од 8-ми март, денот кога се враќаме од зимскиот распуст, повеќе нема да дозволиме деца до 10 години да ручаат овде. Знаеме дека тоа ќе вознемири некои од вас, особено оние меѓу вас со многу добро воспитани деца, но веруваме дека ова е вистинската одлука за напредок на нашиот бизнис“, напишаа во објавата.

Како што претпоставуваа, нивната објава брзо стана вирална и предизвика поделени мислења меѓу гостите. И додека некои беа воодушевени од нивната одлука, други им кажаа дека грешат.

 

„Тоа е навистина тажно да се слушне… Со нетрпение очекував да ја пробам вашата храна, но сега со добро воспитано 9-годишно дете повеќе не сум добредојдена“, напишала една мајка.

 

index.hr