Фотографија која кружи на социјалните мрежи од бебе кое носи хируршка маска на лицето со отвори за очите, предизвика онлајн дебата за тоа дали децата под одредена возраст треба да носат маски или не во јавни места.
Јандре Оперман, човекот кој ја направи фотографијата на лет во Нов Зеланд и ја сподели на својот Инстаграм профил, изјави за TRT World дека не помислил дека „таа ќе го заобиколи светот“ .
Фотографијата предизвика онлајн дебата каде мислењето е поделено. Некои велат дека маската може да го ограничи внесот на кислород за бебето, додека други ја споредија сцената со „Супер Бебе“ на тренинг.
Што се однесува до патниците на авионот, „Мислам дека луѓето го видоа хуморот во ситуацијата“, рече Оперман.
„Бебето беше исклучително среќно. Ниту плачење, врескање во текот на целиот лет…. Маската беше олабавена и мајката редовно проверуваше дали [бебето] е добро“, додаде тој.
Во Нов Зеланд, децата под 12-годишна возраст не треба да носат маски во јавниот превоз, според владините прописи.
Светската здравствена организација сугерира дека децата на возраст од пет години и помали не треба да носат маски долго време или без надзор, освен ако имаат контакт со лице кое е болно или има висок ризик да развие заразна болест.
ТРТ балкан мк