Во селото Дрен, Смолани, се наоѓа еден од најстарите и најзначајните манастири на овој крај – манастирот Свети Илија. Со години, тој станува сè популарен како дестинација за туристи, религиозни намерници и истражувачи на културното наследство.
Манастирот бил основан во 12-тиот век и сè уште зрачи со старински шарм и светост. Во текот на годините, тој бил дом на многу монаси и монахини, кои го одржуваа и го украсуваа со уметнички дела и религиозни објекти.
Манастирот Свети Илија е еден од најважните историски објекти во овој крај и се надеваме дека ќе бидат предприени сите потребни мерки за да се одржи и заштити овој прекрасен објект за следните генерации.
Забележано е дека во почетокот на ХХ век на ова место постоеле само темелите и престолот. Најверојатно, манастирот е разурнат за време на турското ропство.
Благодарение на пожртвуваноста на ктиторот Цветко Ѓорѓиоски, на ова место во 1950 година изградена е малечка црквичка, каде што почнале да се собираат дренчани за празникот Свети Илија, „кога се правеле покрсти до Селиште“, како и за празникот Свети Архангел Михаил. Меѓутоа, оваа црквичка била малечка и скромна, па по иницијатива на црковниот одбор изградена е поголема црква, која била осветена на 2 август 1972 година од митрополитот Методиј (Попоски).
Благодарение на несебичноста на иницијативниот одбор, дарежливите прилепчани и штедрите стопанственици од Прилеп, за кусо време беше изградена новата манастирска црква од делкан камен. Осветувањето на новоизградената манастирска црква се случи на 26 април 2014 година, на Светла Сабота. Чинот на осветувањето го изврши Митрополитот Петар, со бројни свештенослужители од Прилепското архиерејско намесништво.
Во манастирот „Свети Илија“ секоја година традиционално се одржува меѓународната сликарска колонија „Дрен“.