Министерот за образование Бранко Ружиќ денеска и поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ, соопштија за Танјуг во Министерството за образование.
„Во молкот на тридневната национална жалост, како одговорен и воспитан човек, професионалец во вршењето на сите досегашни јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, и согласно член 23 од Законот за Влада, во овие околности донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за образование во Владата на Република Србија“, изјави Ружиќ во писмо испратено до премиерката Ана Брнабиќ.
Тој во писмото додава дека премиерот бил свесен за фактот дека ја понудил својата оставка веднаш на денот кога се случи трагедијата.
извор: Танјуг