Рано утринава имаме релативно студено, но ведро време – Викендов ќе биде со пријатни температури!

Рано утринава во Македонија насекаде времето е ведро, релативно свежо или студено и тивко. Таквото време ќе се задржи и за време на овој викенд, но со тоа што преку ден ќе имаме пријатни температури на воздухот.

Максималните дневни температури на воздухот за време на овој викенд во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk