Летото во Април продолжува, деновиве повторно прашина од Сахара

До самиот крај на оваа недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка. Температурите ќе бидат натпросечно високи, а времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала локална облачност.

Сепак од утре до сабота ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места, и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Релативно високи, и позитивни температури ќе има и во ноќните, како и утринските часови.

Од утре, па се до сабота повторно ќе ја имаме Сахарската прашина и песок, но помалку за разлика од минатиот пат, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.