Новата седмица носи пролетно топло време но попладне и локално невреме

0
43

Почетокот на новата седмица, односно денес и во вторник ќе имаме сончево и пролетно топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Сепак во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено во вторник во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачи до околу 26 степени, стои во најновиот извештај од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk