Колку гласови VLEN ќе земе од ДУИ на вториот круг во Охрид ?

0
68

Коалицијата Вреди ( ВЛЕН ) помеѓу двата круга го обработи теренот во Охрид и оствари продор во гласачкото тело на ДУИ во градот – брифираат за News1.al извори од оваа коалиција.

Како што не информираат познато лице од Охрид кое високо се етаблира во косовската политика преку свои луѓе силно влијаело да се работи на терен во корист на ВЛЕН.

Резултатот од првиот круг и тоа што ДУИ оствари нај слаб резултат во Охрид во последните децении ги одврати гласачите Македонци ( кои оваа партија ги имаше обезбедно со клиентелизам низ годините ) да се тргнат од ДУИ затоа што станува се поизвесно дека ДУИ нема да е дел од идната Влада бидејќи е јасно дека ВМРО ДПМНЕ која ја има сигурно победата нема да коалицира со ДУИ туку со ВЛЕН.

Ова само ќе го донамали бројот на гласови кои ДУИ ги очекува во Охрид, а дополнително ќе ги намали и гласовите од Албанци кои исто така се одтргнуваат од ДУИ и се наклонуваат кон ВЛЕН.