Донесени се измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување – се одобрува зголемувањето на пензиите

0
404

Донесени се измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување. „За“ гласаа 84 пратеници меѓу кои и опозицијата. Измените дојдоа откако Владата најави промена на методологијата за пресметување на пензиите; односно 50% од пензијата ќе се пресметува по основ на трошоци за живот и 50% врз основа на просечна плата, објави Алсат.

Власта оваа методологија ја смета по швајцарски модел, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека практично е методологијата што ја применувале во времето кога биле на власт.

Извор: Алсат