Фејсбук измама: Украле лични податоци и подигнувале брзи кредити

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 30 годишен жител од Струга и 38 годишен жител од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски системи“.

Како што соопштија од МВР, првопријавениот во септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 26-годишник од Кавадарци и успеал да дојде до неговите лични податоци, кредитна картичка и трансакциска сметка. После тоа, податоците ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и за онлајн нарачки од различни продавници. Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип.