Бензините од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, додека дизелот поевтинува за шест денари по литар.
Во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм), се наведува во соопштението од РКЕ.