Пронајдени накит и електрични апарати: Расчистени три тешки кражби во гостиварско Дебреше

Полицијата расчисти три кражби кои биле извршени во куќи во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени како сторители откако кај нив се пронајдени електрични апарати и накит кои претходно ги украле.

Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, по спроведените активности, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчистила три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате.

Кражбите се случиле во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во гостиварско Дебреше во периодот од 03.08 до 09.09.2024. По преземени мерки, на 10 септември од слобода биле лишени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше, вели портпаролот Реџепи.

Тој напомена дека по извршените претреси, кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела и им биле вратени на сопствениците. По документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветен поднесок.