(ВИДЕО) Пожар избувна во романскиот парламент – евакуирани 300 луѓе

0
52

Во романскиот парламент денес избувна пожар, што доведе до евакуација на 300 лица, јавуваат романските медиуми.

-Пожарот се случил на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, па пожарот веднаш бил изгаснат. Надлежните институции ќе ја утврдуваат причината за пожарот – се вели во соопштението на Долниот дом на Собранието. Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители, со површина од 30 метри квадратни. – Гореле текстилни и канцелариски предмети. Во инцидентот нема повредени – соопштија од ИСУ Букурешт, а пренесува весникот „Романија“.

Полицијата соопшти дека „на основа на првите истраги е утврдено дека при конфликтот маж, посетител, наводно фрлил запалива материја“ во Палатата на Собранието. – Пожарот бил во собата за посетители, во тој момент се евакуирани приближно 300 лица – соопштија од собраниската полиција.

Наводно бил фрлен бензин, а полицијата го проверува идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.